25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНавечер избегнувајте ги овие намирници

Навечер избегнувајте ги овие намирници

Ако јадете непoсредно пред да заминете на спиење, најверојатно ќе се здебелите, а можете и сериозно да го оштетите и ткивото или слузокожата на хранопроводот поради киселините кои се враќаат од желудникот.

Вечерајте најдоцна три часа пред спиење. А ако веќе морате нешто да јадете или да се напиете, избегнувајте ги следниве работи…

Алкохол

Алкохолот ги отпушта вентилите кои го поврзуваат стомакот и хранопроводот. Кога тоа ќе се случи не можете да ја задржите храната во стомакот. Ако сте пиеле алкохол пред спиење, можно е киселината од желудникот да се враќа до устата.

Газирани сокови

Газираните сокови се најлошите за киселини. Тие се покисели од било што друго во природата. Киселината ги оштетува вентилите кои го поврзуваат стомакот и хранопроводот, а карбонизацијата го зголемува стомачниот притисок.

Сирење и кашкавал

Овие намирници се полни со масти, но ако мора да ги јадете, јадете пармезан или швајцарско сирење, кој предвизвикува помали киселини од помеките кашкавали и сирења, како што се фета сирењето и моцарелата.

Јаткасти плодови

Кога станува збор за гастроезофагеалниот рефлукс, мастите се масти, без оглед дали се заситени или не. Затоа избегнувајте ги јаткастите плодови пред спиење.

Цитруси

Цитрусите се многу кисели. Сокот од портокал или зелена јаболка е многу лош избор пред спиење.

Кафе

Не само што предизвикува киселини во стомакот, туку содржи и кофеин, кој дополнително го поттикнува нејзиното производство. Пијте кафе без кофеин ако баш морате, бидејќи содржи ниско ниво на киселост.

Чоколадо

Чоколадото е преполно со масти, кои исто така ги отпуштаат вентилите помеѓу стомакот и хранопроводот, а некои видови содржат и кофеин, а кофеинот не е воопшто добар ако сакате да се наспиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП