25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоговорен трансферот на СМС!?

Договорен трансферот на СМС!?

Преодниот рок во Италија завршува денес во 18 часот, а последниот ден може да донесе сензационален трансфер. Италијанците тврдат дека Милан го договорил трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) од Лацио.

Новиот сопственик на клубот, инвестицискиот фонд „Елиот“, го одобрил трансферот, кога осуммина директори дале зелено светло играчот на Лацио да биде последното засилување за клубот.

Според медиумите во Италија, СМС ќе му биде отстапен на Милан, а по завршувањето на сезоната, „црвено-црните“ ќе може да го откупат неговиот договор.

Инаку, за сезоната што СМС ќе ја мине во Милан, Лацио ќе добие 40 милиони евра.

Дека Милан планира да донесе уште еден играч до крајот на преодниот рок, говори и информацијата дека клубот резервирал лекарски прегледи за засега неименуван фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП