24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Која е најскапата лига во Европа во последните 10...

График на денот: Која е најскапата лига во Европа во последните 10 години?

Новата сезона за европските фудбалски првенства стартува повторно наскоро, а играчите од англиската Премиер лига и француската Лига 1 ќе бидат меѓу првите кои ќе се упатат кон стадионите овој викенд.

Иако преодниот рок за трансфер на играчи се уште не е завршен во повеќето првенства и се уште се очекува да има трансфери, едно е сигурно: вкупната вредност на тимовите повторно се зголемила во однос на претходната сезона, коментира „Statista“.

Графикот на изданието, базирано на податоците на „Transfermarkt“, покажуваат нагло зголемување на пазарната вредност на играчите во петте големи европски првенства во текот на изминатите 10 години.

Од 2008-ма година вкупната вредност на фудбалерите во петте првенства се зголемила повеќе од двојно, достигнувајќи вкупно околу 23,5 милијарди евра во почетокот на сезоната 2018-19 година. Овој раст се крена во последниве години, најмногу поради порастот во цените на телевизиските права и договорите за маркетинг.

Вкупната вредност на играчите од француската Лига 1 е зголемен повеќе од двојно помеѓу 2008-ма и 2018-та година, но и покрај тоа заостанува доста зад англиската Премиер лига и е на последно место меѓу петте првенства со „скромна“ сума од речиси 2,75 милијарди долари. Апсолутен лидер сепак е лигата на Англија, кое е најскапото првенство со сума од 7,83 милијарди долари. Таа ужива договори за телевизиските права, кои се околу два пати поскапи од оние на француската Лига 1, а е поддржана и од девизениот курс на фунтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП