5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСушата се заканува да ги уништи германските земјоделски производи

Сушата се заканува да ги уништи германските земјоделски производи

Секнати сончогледи, изгорени пченични полиња – ова е пејзаж од северниот дел на Германија, каде земјоделството трпи штети од сушата од која Европа страда со месеци. Ова предизвикува загриженост кај фармерите кои инсистираат на мерки.

Крајот на јули, Источна Германија. Сонцето е жешко во провинцијата Саксонија-Анхалт, област во поранешната Социјалистичка Германска Демократска Република, која се наоѓа источно од Берлин. Тука се некои од најплодните површини во земјата, но практично се лишени од вода веќе неколку месеци.

“За разлика од јужниот дел на земјата, тука нема паднато дожд од април, додека вообичаено ова е главниот период во кој растат житото и другите култури. Никогаш не сме виделе нешто слично”, тврди Јулијан Штајн, кој работи во „Argo Bordegrun“, земјоделски конгломерат, основан по обединувањето на Германија во 1990-та година.

„Дојдовме до точка каде што зборуваме за природна катастрофа која се заканува на нашиот опстанок“, вели тој загрижено.

Германското здружение на земјоделци повика за кризни преговори, за да разговара за државна помош, бидејќи секторот се плаши од огромни загуби во оваа година.

„Очекуваме милијарди евра загуби. Владата треба да прогласи вонредна состојба, за да можат земјоделците во најпогодените области да бидат потпомогнати“, предупреди оваа недела претседателот на Здружението на германските фармери, Јоаким Руквид.

Особено, житните култури се многу слаби, со проектираната загуба од 8 милиони тони или 1,4 милијарди евра изгубени приходи.

Репката, цвеклото и пченката, исто така, страдаат од сушата, предизвикувајќи ги земјоделците да жнеат 2-3 недели порано од вообичаеното.

„Столбовите од пченката се високи до коленото. Вообичаено за овој период тие треба да достигнаа два метра“, се жали Џулијан Штајн.

Недостатокот на житни култури ги лишува земјоделците од добиточна храна и автоматски води кон пораст на цените. Голем број производители на млеко веќе одлучиле да го продаваат добитокот и бројот на закланите крави и јуници е зголемен за 10% во првите две недели на јули, според Германската агенција за земјоделство и храна.

Единствената добра вест за Германија во моментов е дека земјата беше поштедена од пожари, како што опустоши десетици илјади хектари во Шведска или доведе до смрт на стотици во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП