2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада ќе одговори на даночните реформи во САД со есенско ажурирање на...

Канада ќе одговори на даночните реформи во САД со есенско ажурирање на буџетот

Канадската влада ќе се обиде да одговори на проблемите со конкурентноста со кои се соочува националниот бизнис со ажурирање на буџетот, како одговор на даночните реформи во САД.

Клучните теми пред фискалното ажурирање ќе ги вклучуваат даноците на бизнисот, нафтените цевководи и преговорите околу северноамериканскиот договор за слободна трговија (North American Free Trade Agreement – NAFTA), изјави во интервју за „Bloomberg“ канадскиот министер за финансии, Бил Морну за време на посетата во Буенос Аирес за средба меѓу колегите од „Г-20“.

„Јасно објаснивме дека сакаме да бидеме слушнати од Канаѓаните и особено од канадскиот бизнис сектор, за да ги увериме дека одржуваме едно ниво на конкурентност, а се земат во предвид промените кои ги гледаме во нашата средина“, изјави Морну и додаде: „Мислам , дека овие теми ќе бидат главен фокус на нашето есенско економско мислење“.

Различни деловни групи го притискаат Морну да ги намали даноците во Канада, откако САД го редуцира својот корпоративен данок од 35 отсто до 21%., Тврдејќи дека загубената даночна конкурентност ги оттргнува инвестициите од Канада.

Извештајот на канадските производители и извозници – група за застапување во канадската индустрија – препорача комбинираната федерална и провинциската корпоративна такса да се намали до 20 отсто од околу сегашните 28%.

Морну изјави дека сè уште не донел никакви заклучоци, но процесот на консултации ќе биде завршен пред фискалното ажурирање.

Тој посочи дека е фокусиран на намалувањето на трошоците за нови инвестиции, кои според него се суштински грижа за бизнисот, отколку општата редукција на корпоративната стапка, информира „Bloomberg“.

„Луѓето сакаат да се осигураат дека следната инвестиција што ќе ја направат ќе се направи врз поволна основа“, рече Морну.

Лимит за канадската влада е цената. По зголемувањето на трошоците во последните буџети, за да се финансира социјалната програма на премиерот Џастин Трудо, веќе нема доволно средства за скапи нови иницијативи, како широкото даночно олеснување за бизнисот, особено ако владата сака да го задржи своето ветување за ограничување и акумулацијата на надворешниот долг под нивото на раст на БДП-то.

Морну рече дека зголемувањето на цените на нафтата ќе има позитивен ефект врз неговиот февруарскиот фискален план кој предвидува постепено намалување на дефицитот во следните шест години. Сепак, ова нема да биде доволно за промена на фискалните изгледи, што во голема мера е во согласност со она што беше предвидено за буџетот во февруари.

Несигурноста околу судбината на „NAFTA“ е додадена на листата на предизвици на канадската економија. Морну рече дека владата сé уште работи на справување со овој проблем. Тој се надева дека претседателските избори во Мексико ќе го вратат чувството на „итност“ за преговори околу договорот.

Морну додаде дека некои од најголемите проблеми во разговорите на „NAFTA“ лежат во дијалогот меѓу САД и Мексико. Министерот смета дека има „разумен пат“ за решавање на некои од пречките за Канада – земјата го отфрли барањето на САД да ја вклучи клаузула за истекување на рокот на договорот и инсистира „NAFTA“ да вклучи систем за решавање на спорови.

Друг значаен проблем пред Морну во последните неколку месеци се дадените од страна на владата 4,5 милијарди ланадски долари за купување на Транспланинскиот нафтовод на компанијата „Kinder Morgan Canada Ltd.“, за што министерот рече дека треба да биде финализиран во наредните два месеца.

Владата имаше опција да најде друг приватен купувач на нафтоводот до 22-ри јуни пред да го национализира, но немало можност за брза продажба, смета Морну.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП