27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолеми потенцијали, мала искористеност - македонско органско производство

Големи потенцијали, мала искористеност – македонско органско производство

Називите „органски“, „биолошки“ и „еколошки“ се синоними. Тие значат дека целиот производствен процес е строго контролиран со што секој органски производ добива сертификат за квалитет и потекло.

Сертификатот значи дека производот исполнува строги услови: не смее да содржи никакви вештачки и хемиски состојки, тие не смеат да се користат ниту за ѓубрење на почвата ниту за заштита од штетници, има и многу строги ограничувања во примената на антибиотици кај добитокот и на адитиви и конзерванси во конечниот производ, апсолутно е забранета употребата на генетски модифицирани организми, површината на која се одгледува најмалку две претходни години не смее да биде третирана со недозволени препарати и мора да има јасно означени граници односно растенијата да се заштитени од можна контаминација од препаратите кои се користат на соседните површини.

Органските производи не содржат никакви хемикалии, пестициди, адитиви и други вештачки средства, а имаат повеќе природни хранливи состојки како природни шеќери, витамин Ц, антиоксиданси и поголеми количини минерали како калциум, магнезиум и железо.

Организмот може повеќето токсини со кои доаѓа во контакт, но проблемот е во тоа што денес тие користат десетици пати повеќе отколку пред пет – шест децении. Тие во храната не доаѓаат само директно како ѓубрива и пестициди туку и преку воздухот и водата. Тоа предизвикува „токсична предозираност“ кога телото не може да постигне навреме да се ослободи од сите отрови кои ги добива.

Органската храна го враќа природниот баланс кој е нормален за самиот организам а со тоа има позитивно влијание на целокупната состојба на телото.

Органските производи во Македонија се појавуваат пред помалку од две децении.

Првиот чекор го прави „Алкалоид“ во 97-та кога почнува да прави органски чаеви од собрани самоникнати растенија. Следната година 5 земјоделци почнуваат да ги практикуваат правилата за вакви производи и да ги пласираат на однапред познати купувачи.

Првиот Закон за органско производство беше донесен во 2001-та кога беа основани и првите здруженија на органски производители. По ова следеше утврдувањето на подзаконски акти и правилници кои ја регулираат оваа дејност.

Во 2006-та е одржана е првата манифестација „Ден на органското производство“.

Во 2010-та почна да се спроведува Национална кампања за промоција за органското земјоделско производство.

Данска најмногу вложува во органско производство. Само лани преку буџетот биле исплатени 53 милиони евра за поттикнување на земјоделците да се преориентираат кон природните начини. Целта на државата е до 2020-та да стане 100% органска.

Акцискиот план кој веќе е усвоен предвидува веќе од оваа година храната во јавните институции како училиштата и болниците да биде 60% органска, а кај војската и 100%.

Во Лихтенштајн веќе 27% од пазарот зазема органската храна, а во Австрија 20%.

Меѓу најголемите производители се и Австралија, како и Шпанија и Италија, каде што најмногу се произведуваат овошје и зеленчук, а најголем потрошувач на оваа храна во Европа е Германија.

Индија, пак, е прва по бројот на органски земјоделци што и не е чудно ако се земе предвид бројот на населението на земјата. Сепак, таму има дури 500.000 регистрирани органски производители.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП