25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија како огледало на нееднаквоста

Австралија како огледало на нееднаквоста

Нееднаквоста во светот е тема со која се занимаваат умовите на некои од најбогатите и најуспешните претприемачи на нашето време. Дискутабилно е какви се нивните мотиви – чист популизам или недоразбрана филантропија, но да си извршен директор не значи автоматски дека мечатеш за некоја нова форма на корпоративниот комунизам, каде сите се еднакви. Австралија го докажува тоа.

Платите на извршните директори во Австалија достигнаа рекордни нивоа во минатата година, во позадина на стагнацијата кај платите на обичните работници, покажува извештајот на финансиската група „Australian Council of Superannuation Investors“ (ACSI), пренесува „Financial Times“. Авторите на извештајот алармираат дека овие диспропорции во платите директно штетат во довербата во локалниот бизнис.

Според истражувањето, платите на шефовите на компаниите од „ASX 100“ (100-те најголеми австралиски компании по пазарна капитализација) биле со 12.4% повисоки во просек 3.24 милиони долари на човек во 2017-та година. Кон оваа сметка додава тоа, дека бонусите надвор од примањата исто бележат скок со 18% на годишна основа.

Со исклучок на шест лица, сите 80 извршни директори, кои имаат право на бонус добиле барем еден во минатата година, а средниот бонус на плати изнесувал 70.5% од максималниот износ на кој имаат право.

„Во времиња во кои довербата на општеството кон бизнисот е на ниско ниво, а растот на платата е низок, одлуките на одборите за исплата на големи бонуси, само за да се постигне буџетските цели, наместо за исклучително представување, се особено неразбирливи“ вели Луис Дејвидсон, извршен директор на „ACSI“.

Најпрофитабилен извршен директор во Австралија во минатата година е Дон Мејџ, шеф на „Domino’s Pizza Enterprises“ кој добил 36.8 милиони австралиски долари (околу 27 милиони долари). Во 2017-та година од „Domino’s“ посочија дека франшизата го исплатил 5,4 милиони австралиски долари за задоцнети плати и пензиски боснуси на персоналот од 2014-та година до сега.

Компанијата наведува дека податоците за наградувањето на Мејџ ја одразуваат зголемената цена на опциите за акции, поделени во 2013-та година, и реализирани во 2016-та година, поради „постигнување на значителни долгорочни цели на бизнисот“.

Никола Мур, шефот на „Macquarie Group“, е единствениот банкар во оваа листа со годишен приход од 25.1 милиони австралиски долари (18,6 милиони долари). Ниту една од четирите најголеми банки во земјата не спаѓаат во ова рангирање за прв пат по 17 години или откако се изготвува ранг-листата. Причина за тоа е намалувањето на платите на банкарите во „Commonwealth Bank of Australia“, како резултат на скандалот со перење пари, и последователната јавна истрага за злоупотреби во финансискиот сектор.

Извештајот наведува дека извршните директори во Австралија се повеќе склони да ја изгубат својата работа, отколку да не земат бонус, а десетмината ги напуштиле своите позиции во минатата година.

Високите нивоа на плати на извршните директори провоцираат протести во многу развиени земји, каде што платите на работниците не бележат речиси никаков раст, и покрај добрите профити на бизнисот, кој успешно ја надмина кризата која настапи во 2008-ма година.

Во Австралија растот на платите е речиси минимален во позадина на тоа дека задолженоста на домаќинствата е една од највисоките во светот, што автоматски станува случајот во политичка тема.

Големите пензиски фондови во Австралија почнаа да се противат на компаниите за високите плати на извршните директори, кои гласаат против пресметките за плата на годишните состаноци.

Во Австралија, замената на одборот на директори може да биде предизвикана ако 25% од акционерите ја отфрлат сметката за плата во два последователни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП