25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNLB има потреба од дополнителни 400 до 500 милиони евра

NLB има потреба од дополнителни 400 до 500 милиони евра

nlbbanka

Денес и утре ќе се одржи годишното собрание на акционери на двете најголеми банки во Словенија. Сопствениците исто како и на собранието на акционери на NKBM така и на собранието на NLB Групата ќе гласаат за докапитализација, од која банките имаат потреба заради претходно донесените лоши одлуки и економската криза, која последователно го зголеми бројот на нефункционални кредити и ги заоштри мерките за адекватност на капиталот.

Колку капитал ќе и биде потребен на NLB ќе одлучи Банката на Словенија, а се проценува дека е помеѓу 400 и 500 милиони евра, според кажувањето на претседателот на Управата на NLB – Јанко Меѓа.

На ова собрание на акционери, Групата нема да одлучува за докапитализација во готовина, туку за овластувањата на Управниот и Надзорниот Одбор, за тоа дека во следните 5 години основниот капитал на банката ќе се зголеми еднаш или повеќе пати до максимални 367 милиони евра. Сопствениците на двете банки, исто така ќе одлучуваат и за нови Надзорни Одбори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП