2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРиболовот на светско ниво достигна историски максимум

Риболовот на светско ниво достигна историски максимум

Во една третина од светските мориња рибите се ловат прекумерно, а консумацијата е на историски највисоко ниво, што предизвикува загриженост за одржливоста на клучниот извор на протеини за милиони луѓе во светот, предупреди ОН.

Прекумерниот лов на рибите е особено опасен за неразвиените земји, чии жители се борат со недостиг на храна, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

„Притисокот врз изворите на морска храна е преголем, а владите треба да направат повеќе за да ги заштитат риболовните подрачја“, рече Мануел Баранж, директор на одделот за аквакултура.

„Предвидуваме дека Африка во иднина ќе треба да увезува риба“, додава тој истакнувајќи дека недостигот на риба може да предизвика скок во цените, што најмногу од сè ќе ги погоди сиромашните слоеви на општеството.

Одгледувањето риби или аквакултурата е најбрзорастечкиот земјоделски сектор во последните 40 години и во голема мера е одговорен за поголемата достапност на рибите, се вели во извештајот.

Бидејќи уловот од морињата продолжува да опаѓа, сè повеќе земји се свртуваат кон т.н. рибни фарми. На пример, алжирската влада ги охрабрува жителите на Сахара да почнат да одгледуваат риба со цел да ги зголемат своите приходи и да ја зајакнат рибарската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП