7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании вработуваат затвореници и зависници од дрога поради недостаток на кадри

Компании вработуваат затвореници и зависници од дрога поради недостаток на кадри

Остриот недостиг на работна сила во Средниот Запад во САД ги натера работодавците повеќе да го прошират кругот на своите потенцијални вработени.

Компаниите се подготвени да ангажираат екс-затвореници и зависници од дрога само за да ги пополнат слободните работни места, објави „Financial Times“.

Трендот е најизразен во градежниот сектор и индустријата каде што проблемот со вработените е најакутен.

Експертите по човечки ресурси признаваат дека некои компании се одбиваат да ги подложат своите вработени на тестови за употреба на дроги, а други намерно го потиснуваат и дури целосно занемаруваат проверката на судското минато на кандидатите за работа.

Сето ова е дел од безмилосната конкуренција при оскудната работна сила.

„Економската динамика бара нов пристап и работодавачите се принудени да го прошират своите кругови во однос на кадрите. Се повеќе претставници на „периферијата“ имаат шанса да најдат работа, без разлика дали станува збор за пензионери или за луѓе со криминални престапи во минатото“, вели Претседател на работната сила за Северна Америка, Беки Франкиевиц.

Во изминатата година, американските индустриски компании создадоа 260.000 нови работни места, а невработеноста е само 3.8%, според податоците на Канцеларијата за труд на САД. Според „Manpower“, побарувачката за кадри во градежниот сектор моментално е на ниво од пред 11 години.

Во последниве години, некои држави донесоа посебни закони кои бараат од работодавачите да не ги принудуваат барателите на работа да одат преку проверките на нивното судско минато. Целта на оваа мерка е да се поддржи интеграцијата на поранешните затвореници во општеството.

Но сега, дури и кога нема такви законски одредби, компаниите доброволно ги одложуваат судските инспекции и ги дисквалифицираат само кандидати кои извршиле сериозни сексуални престапи.

„Се повеќе компании го одлагаат времето за проверка на судското минато на вработените кандидати, за да им овозможат да почнат со работа, уште пред да се завршени официјалните административни процедури“, вели Беки Франкиевиц.

Во градот Елкхарт, Индијана – престолнината на производителите на каравани и кемпери, побарувачката на кадри е толку голема што компаниите вработуваат не само поранешни затвореници, но и луѓе со кои се уште издржуваат казна затвор, но кои имаат дозвола да го напуштаат затворот под стража, за да работат.

Индустријата доживува вистински бум во последните две или три години, а недостасуваат кадри. „Ние дури имавме и работници осудени за убиство“, вели менаџерот на „Elkhart Plastics“, Сузан Дроптаини. Компанијата испорачува различни делови на сопствениците на мобилни домови.

„Некои од нив се рангираа меѓу најдобрите вработени, па сметаме дека навистина имаат потреба од оваа втора шанса. Работат напорно и доаѓаа секој ден“, вели уште таа и прецизира дека тие ја добивале истата плата, како и останатите вработени во компанијата.

Истиот пристап го применуваат и многу други компании од Средниот Запад. Шерман Џонсон, кој ја предводи програмата за професионален развој во државните затвори во Индијана, сподели за „FT“ дека повеќе компании се свртуваат кон него во потрага на кадри.

Тие плаќаат меѓу 15 и 17 долари на час, а за затворениците тоа не е само можност за дополнителен приход, туку и шанса за нормален живот по издржувањето на казната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП