2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегистрирани 1.403 дивоградби во 2012

Регистрирани 1.403 дивоградби во 2012

divogradbi1

Минатата година во земјава се регистрирани 1.403 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот дел 622 се во Скопје, Тетово 90, Пробиштип 77…, објави Државниот завод за статистика.

Од скопските општини најголем број дивоградби – 131 се регистрирани во Карпош, потоа 121 во Аеродром, 119 во Центар, 93 во Чаир, 50 во Кисела Вода…

Според видот на објектот, бесправно се изградени 215 објекти за домување или 15,3 отсто, 208 дивоградби, надградби и адаптации  или 14,8 отсто, 148 деловни објекти  или 10,5 отсто, 163 гаражи или 11,6 отсто, 215 огради или 15,3 отсто, 13 скалила  или 0,9 отсто, 34 тераси или 2,4 отсто, 48 летни тераси или 3,4 отсто, 107 настрешници  или 7,6 отсто, 115 времени објекти или 8,2 отсто и 137 помошни објекти  или 9,8 отсто.

Најголем број бесправно изградени објекти – 94,5 отсто се во приватна сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП