29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАKindle Books збогатена со 12 романи на Божин Павловски

Kindle Books збогатена со 12 романи на Божин Павловски

Глобалната дигитална едиција Kindle Books на англиски јазик деновиве е збогатена со 12 романи на македонскиот писател Божин Павловски.

Тоа се дела што освоиле високи меѓународни и домашни признанија: Gardener, Desert (Градинар, Пустина), The Horn of Love (Рогот на љубовта), Shadow in the Name (Сенка во iмето), Winter in Summer (Зима во лето), America, America (Америка, Америка), The Beauty and the Marauder (Убавицата и Мародерот), Dreaming on the Road (Египетска сонувалка), Journey with my Beloved (Патување со љубената), Eagle Coat of Arms (Подвижни гробови), Borders (Мирисите на доилката), The Red Hypocrite (Црвениот Хипокрит) и West Aust (Вест Ауст).

Дигиталната верзија на романите, проследенa со извадоци од светската критика, овозможува глобална читачка публика и доаѓа само неколку месеци по печатената верзија во издание на AEA publishers и Griffin Press од Мелбурн, Австралија. Преведувачи на делата се: Весна Николова, Елена Чаварела, Билјана Џон, Мајкл Серафинов и Џејмс Томев. Супервизор на преводите е Бредли Досон, ликовен уредник Жаки Линч.

Божин Павловски е добитник на повеќе меѓународни признанија, меѓу кои: Интербалканската награда за книжевност во Грција, наградата „Екселзиор” за унапредување на европската проза во Романија, наградата „Железара Сисак” во Хрватска, наградите „Младост” и „Арка” во Србија. Меѓу националните признанија треба да се издвојат 7 најугледни: наградите „11 Октомври” (за роман во 1978 и за животно дело во уметноста во 2008 година), Рациновото признание (во 1973 и во 2006 година), како и сталешките награди „Стале Попов” (во 1987 и во 2014 година) и наградата „Кочо Рацин” во 1987 година.

Романите на академик Павловски, кој живее и твори во Македонија и во Австралија, се преведени на 17 јазици во повеќе од 60 изданија и проследени со бројни критички толкувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП