22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските компании почнуваат да го враќаат својот капитал од странство

Американските компании почнуваат да го враќаат својот капитал од странство

Американските компании вратија во својата татковина повеќе од 305 милијарди долари во првиот квартал, според Министерството за трговија. Тоа е помеѓу 10 и 15 отсто од капиталот што се држи во странство, објави француското издание „Les Echos“.

За да се избегне корпоративниот данок, кој одамна е еден од највисоките во западните земји, големите американски компании го чуваат странскиот профит во странство. Со текот на годините, овие средства достигнаа помеѓу 1 и 3 илјади милијарди долари и често беа инвестирани во ликвидни хартии од вредност, како што се државните записи.

За да ги поттикнат да го вратат овој капитал во нивната матична земја, Конгресот одлучи на крајот од 2017-та година го намали данокот за да се привлечат сите профити акумулирани во странство од 1986-та година. Тоа врши притисок на ликвидни средства за данок од 15,5% и помалку ликвидни – со данок од 8%. Компаниите можат да ги платат долговите во рок од осум години.

Но цената, која се очекува да донесе стотици милијарди долари во американското Министерство за финансии, не ги обврзува компаниите да го вратат капиталот. По усвојувањето на реформата, аналитичарите се прашуваа дали милијардите ќе бидат всушност вратени кога немаше потреба од конкретно финансирање, како што се купување акции, инвестирање или стекнување.

Сепак, податоците се недвосмислени. „Компаниите кои вратиле за едно тримесечје толку капитал, колку за цела година при претходната амнестија, усвоена во времето на Џорџ Буш помладиот во 2005-та година, која се разбира имаше ограничен обем“, вели Грегори Дако од „Oxford Economics“.

Други индикатори упатуваат на истиот феномен. Во април Ирска го подобри месечниот рекорд, откако се ослободи од американски обврзници во вредност од 6,6 милијарди долари, движење кое несомнено е поврзано со враќањето на добивката, складирана во странство од американските компании, соопшти „Morgan Stanley“. Некои компании како „Apple“, чиј капитал во странство достигна кон крајот на минатата година 252 милијарди долари, ветија дека ќе вратат голем дел од нив, без да се вклучат со конкретен рок.

Што ќе направат со тие пари?

Останува важно прашање. „Не е познато што компаниите ќе направат со овие пари“, вели Џозеф Сонг, висок економист во „Bank of America-Merrill Lynch“. „Не можат да се прават сериозни заклучоци од враќањето на капиталот од макроекономска гледна точка, бидејќи е можно дел од средствата да послужат за плаќање на самиот данок“, додава тој.

Според Министерството за трговија, компаниите мора да вратат по 250 милијарди долари секој квартал од оваа година. Во 2005-та година, вратените пари беа искористени за финансирање на купување на акции, иако законот бара од нив да бидат насочени кон создавање работни места и научно-развојна дејност.

Се чини дека истата динамика се случува и оваа година. Во првиот квартал компаниите најавија рекордна сума за купување на акции (158 милијарди долари од компаниите од индексот „S&P 500“), поттикнати од даночната реформа, која најверојатно ќе доведе и до „бум“ на дивидендите.

„Goldman Sachs“ планира да го зголеми својот удел на дивиденда и да купи акции за 22 отсто во споредба со 11 отсто зголемување на инвестициите во истражување и развој.

„Растот на инвестициите се уште не се почувствува. Варијациите што ги забележуваме во месечните податоци се поврзани со трошоците за енергија“, вели Џозеф Сонг.

Движењето може да продолжи и во следните квартали. Во 2005-та година, речиси половина од капиталот беше вратен кон крајот на годината. „Протокот на пари може да продолжи да пристигнува во САД со исто темпо за плаќање на данокот. Но, на компаниите тоа не им е потребно. Ако можностите за инвестирање надвор од САД се подобри, отколку што се сега, тие ќе го остават капиталот во странство“, рече Григори Дако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП