19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХонда, стрелец и асистент на три светски првенства

Хонда, стрелец и асистент на три светски првенства

Јапонскиот репрезентативец Каисуке Хонда на натпреварот што неговиот тим го одигра против Сенегал успеа да го запише своето име во историјата на светските првенства.

Јапонија, вечера, одигра 2:2 против Сенегал, а вториот гол за Јапонија го постигна токму Хонда. Поранешниот фудбалер на Милан на теренот влезе во 72.минута, а шест минути подоцна го поставо конечниот резултат.

Со овој гол Хонда влезе во мундијалската историја како единствениот фудбалер што на три последовни светски првенства постигнал гол и забележал асистенција. Хонда асистираше за вториот гол со кој Јапонија во првата рунда славеше над Колумбија 2:1.

Овој играч бил стрелец и асистент на првенствата во 2010, 2014 и 2018 година.

Јапонија, во пресрет на последното коло во Х-групата се наоѓа на првото место во групата со четири бода, а во последното коло ќе игра против Полска, репрезентација која нема шанси за пласман во осмина-финалето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП