25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали Крис Фрум ќе налета на бојкот на „Тур де Франс“?

Дали Крис Фрум ќе налета на бојкот на „Тур де Франс“?

Петкратниот шампион на „Тур де Франс“, Французинот Бернар Ино, побара велосипедистите да бидат подготвени за бојкот на годинашната трка доколку на четирикратниот шампион Крис Фрум му биде дозволено да се натпреварува.

Случајот во врска со позитивниот тест на Фрум на салбутамол, средство за астма, на минатогодишната „Вуелта Еспања“, уште нема свое финале бидејќи Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) не решила дали да го казни или да ги земе предвид олеснителните околности, односно астмата што ја има Британецот.

33-годишниот Фрум минатиот месец стана првиот Британец со титула на Џиро Диталија и седми велосипедист во историјата кој успеа да победи на трите најголеми трки на светот (Тур де Франс, Вуелта, Џиро), а во моментот е актуелен шампион на сите.

Од тимот на Фрум, Скај, велат дека се работи за разочарувачки и неточни коментари за случајот и дека Ино не ги разбира околностите во случајот.

„Велосипедистите треба да се симнат од велосипедите и да одат на штрајк. Ако тој стартува, тие да не стартуваат. Другите беа казнети и сите се согласуваа, но нема да го казнат него бидејќи не се работи за позитивен случај, туку за’неправилни резултати. Не може така. Кристофер Фрум не треба да е на стартот на „Тур де Франс“ бидејќи, едноставно, имаше позитивен тест. Луѓето од УЦИ требаше да го решат тоа“, изјави 63-годишниот Ино за францускиот весник „Ест Франс“.

„Тур де Франс“ почнува на 7 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП