5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавно извлекување на добитниците на надомест за соларен колектор

Јавно извлекување на добитниците на надомест за соларен колектор

 Flat Plate Solar Collector

Министерството за економија денеска организира јавно извлекување на лицата кои ќе остварат право на надомест на дел од трошоците  направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство.

Извлекувањето е од петтиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2013 година. Тој траеше до 31 мај и за негова реализација се предвидени 6 милиони денари.

Во јавното извлекување ќе учествуваат сите апликации што пристигнале во рокот, а избраните ќе бидат субвенционирани со 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

Досега се субвенционирани 1.901 домаќинство (по 500 во 2007 и 2009 година, 420 во 2011-та и 481 домаќинство во 2012 година) и од Буџетот се исплатени вкупно 27.855.001 денари.

На настанот, кој ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 10 часот, ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП