7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрет Фестивал на органска храна

Трет Фестивал на органска храна

fresh-fruit-and-vegetables

 Во „Скопје сити мол“ денеска беше отворен третиот еднодневен Фестивал на органска храна, што го организира маркетинг-агенцијата „Креатива“, под покровителство на Град Скопје.

Целта на фестивалот е да се промовира органското земјоделство како важен и перспективен дел на одржливото производство и значењето на користењето органски производи за заштитата на биодиверзитетот, унапредувањето на здравјето на сите живи организми.

Фестивалот, на кој се претставуваат 15-ина македонски производители на органска храна и други органски производи, го отвори градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

– Фестивалот на органска храна веќе трета година го организираме со цел да ги запознаеме граѓаните со органската храна и што значи таа како дел од здравите навики. Тој е дел од активностите кои Град Скопје ги презема во насока на промовирање на здравиот начин на живот во Скопје. Градот Скопје активно работи во подобрувањето на екологијата и чистотата во градот, јас како градоначалник особено препорачувам и сакам да ги поттикнам граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, а со тоа паралелно работиме на подобрување на условите и безбедноста на велосипедистите, истакна градоначалникот Трајановски.

Посетителите имаа  можност да купат и дегустираат производи од изложувачите, производители на органска храна. На фестивалот кој трае до 18 часот настапија и РНЦ бенд и македонски диџеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП