
Германскиот производител објави три видеа со детални снимки од своето ново луксузно купе.


Германскиот производител објави три видеа со детални снимки од своето ново луксузно купе.
„BMW“ на средината на јуни претстави ново големо купе и така официјално ја оживеа некогашната „Seriеѕ 8“.
На почетокот на продажбата, овој автомобил ќе биде достапен во верзијата „M850i xDrive“ со 4.4 би-турбо V8 мотор, поврзан со осумбрзински автоматски менувач.
Oвој агрегат испорачува 530 ks (390 kW) и 750 Nm максимален вртежен момент. Автомобилот забрзува од 0 дo 100 km/h зa само 3,7 секунди, a максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.
Купувачите кои ќе се одлучат за дизел опција ќе можат да ја добијат верзијат „840d xDrive“ со шестцилиндричен 3.0-литарски би-турбо мотор кој произведува 320 ks (235 kW) и 680 Nm.
Погледнете како изгледа спектакуларниот „BMW Serieѕ 8 Coupe“ однадвор, внатре и во кадри при возење: