23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСуперавтомобили кои немаа среќа да станат сериски

Суперавтомобили кои немаа среќа да станат сериски

supercars

Овие автомобили постојат во само еден единствен примерок. Во нивното време тие биле репер за брзина, стил, луксуз и иновации, но различни причини им попречија да влезат во сериско производство: некои производители се исплашија од недостатокот на побарувачка поради превисоките цени, некои се префрлија на други проекти, а имаше и такви, кои од самиот почеток не мислеа за друго, освен да ги покажат своите способности. Каква и да причината општото кај овие автомобили е дека не им дозволија да ја задржат славата што ја заслужија:

„Jaguar C-X75“ – 2010-та година

jaguarc

„Jaguar C-X75“ остана само прототип, иако компанијата планираше да произведе 250 парчиња. Нестабилната економска ситуација го натера „Jaguar“ да се посомнева дали ќе успее да продаде барем 200 парчиња од овој автомобил со цена 1.15 милиони долари. Технологиите кои се користени во „Jaguar C-X75“ подоцна последователно се раширени во другите модели, кои добија и некои од стилските карактеристики на овој автомобил.

jaguarc1

Тој имаше шасија од карбон-фибер, развиен во соработка со тимот од Формула 1 „Williams“, ултра-лесни тркала (40 проценти полесни од стандардните), аеродинамични елементи во стил на болидите од F-1. Беше опремен со четири електромотори (по еден за секое тркало) со вкупна моќност од 780 коњски сили, придвижуван од литиум-јонски батерии. Според производителот „C-X75“ може да развие до 100 км / ч за на 3.4 секунди и забрзува од 80 до 145 километри на час за 2.3 секунди. Максималната брзина изнесува 330 километри на час.

„Zagato Raptor (Lamborghini Raptor)“ – 1996-та година

raptor

Овој автомобил е дизајниран од дизајн-канцеларијата „Zagato“ за „Lamborghini“. Суперавтомобилот е создадена за помалку од четири месеци, што дури и за современите стандарди е невообичаено краток рок. Производителот го користи револуционерниот во тоа време компјутерски систем „Aided Design“ (Computer Aided Design), што заштедува при правењето на големиот број макети.

„Raptor“ имаше тело од јаглеродни влакна во пилотската кабина, покрив кој можеше многу лесно да биде отстранет и со тоа претворајќи ја кабината во роудстер. Освен тоа имаше можност за ставање на посебен дел на совозачкото седиште и така колата стануваше едносед болид. Возилото беше 300 килограми полесен од моделот „Diablo“ и можеше да развие над 330 километри на час („Diablo“ е со максимална брзина од 325 километри на час).

raptor1

Беше планирано да бидат произведени 50 парчиња од „Raptor“, но подоцна „Lamborghini“ одлучи само да се ажурира „Diablo“ пред да пушти на пазарот новата генерација на суперавтомобилот „Murcielago“. „Raptor“ остана во еден примерок кој беше продаден во 2000-та година на аукција за рекордно ниска цена за уникатен автомобил. Приватен колекционер од САД плати за овој прототип околу 220.000 долари – цена иста со цената на вообичаените „Diablo“ во тоа време.

„Ford GT90“ – 1995-та година

fordgt

Концептуална кола прикажана во 1995-та година на саемот во Детроит му ја донесе славата на „Ford“ како производител на најмоќното супервозило во светот. Со 12-цилиндричен мотор со четири турбини со 720 коњски сили автомобилот развиваше брзина до 407км/ч- речиси истиот показател го има „суперавтомобилот над суперавтомобилте“, „Bugatti Veyron“ кој се појавуви десет години по идеата на „Ford“.

fordgt1

За да не се стопи автомобилот при максимална работа на моторот се користат специјални огноотпорни керамички елементи , истата технологија која се користи во вселенскиот  брод „Space Shuttle“.

Прототипот стана првиот претставник на новата дизајнерска филозофија на „Ford“, наречена „New Edge“. Подоцна во овој стил се направени едни од најпопуларните модели на американскиот концерн како „Focus“ и „Ka“. Самата „GT40“ сепак се чини премногу сложена за Американците и така не стигнува до сериско производство. Подоцна „Ford“ произведува неколку примероци од „GT40“.

„Maybach Exelero“ – 2005-та година

maybach

„Maybach Exelero“ е еден од најскапите и најраскошните автомобили во светот. Направен во 2005-та година врз основа на лимузина „Maybach 57“, спортското купе е развиено во соработка со германскиот производител на гуми „Fulda“ за демонстрација на брзите гуми, кои се дизајнирани за брзини од над 370 км / час. Целиот екстериер е доверена на „Maybach“, а компанијата го спроведува во стилот на спортските автомобили од 30-тите години. „Fulda“ асистираше во правењето на ентериерот на „Exelero“ и во него беа користени карбон-пластика, кожа и алуминиум.

maybach1

Речиси шестметарскиот автомобил со маса од 2.660 килограми е опремен со 6-литарски мотор со 700 КС V12, кој е поврзан со 8-степен менувач. Обемен и тежок за спортски автомобил, „Exelero“ развива до 100 км / ч за 4.4 секунди и достигнува максимална брзина од 351 километри на час.

Во 2011-та година колата е купена за 8 милиони долари од раперот Брајан Вилијамс – „Birdman“. Една година подоцна „Daimler“ најави дека ќе ја укине трговската марка „Maybach“ која во последните неколку години носела само загуби.

„Audi Rosemeyer“ – 2000-та година

rosymer

Овој суперавтомобил на „Audi“ е создадена и именуван во чест на германскиот пилот од 30-те години, Бернд Розмејер. Возилото добива стилски карактеристики на предвоениот болид „Auto Union“ – брилијантно тело од една целина направена од алуминиум, украсен со огромна решетка и бројни отвори. Тој станува предвесник на серискиот „R8“ кој се појавува во 2006-та година и му овозможува на „Audi“ да влезе во конкуренција со „Lamborghini“, нешто за што Германците сонуваат уште од 90-тите години.

Внатрешноста на „Rosemeyer“ е обвиткана со огноотпорни материјали, појаси со четриточки кои се спојуваат во една, топка на менувачот и волан со четири краци направен од алуминиум.

rosymer1

Опремен е со осумлитарски 16-цилиндричен мотор „Audi Rosemeyer“ сместен пред задната оска со 792 коњски сили и шестстепен рачен менувач. Максималната брзина е 350 километри на час.

Сега концепт-возилото е дел од музејот на „Audi“ во Инголштат.

„Cadillac Cien“ – 2002-та година

cien

Со овој суперавтомобил компанијата го одбележува својот стоти роденден. „Cien“ што на шпански значи „сто“ става црта на сето она што „Cadillac“ го разви во XX-тиот век, а исто така ги симболизира ставовите на компанијата за иднината.

Пред креаторите стои тешка задача, требаше да создадат иновативен суперавтомобил со проверено аеродинамично тело, но во исто време да се зачуваат семејните црти на брендот. Како резултат на целокупната насока на дизајнот на автомобилот е позајмена од американскиот борбен авион „F-22 Raptor“, а долгите линии на решетката, која се наоѓа помеѓу вертикалните фарови, потсетуваат на класичните автомобили на компанијата. Како што му доликува на јубилеен автомобил „Cien“ е опремен со најмодерни технологии за тоа време: сателитска комуникација, „OnStar“ систем за гласовно управување, „Communiport“, асистент за паркирање и систем за ноќно гледање, кој ја прикажува сликата на патот на шофершајбната.

cien1

Суперавтомобилот е опремен со алуминиумски 7.5-литарски 12-цилиндричен мотор со 750 коњски сили кој работи со шестстепена полуавтоматска трансмисија. „Cadillac Cien“ развива 100 километри на час за 3.5 секунди и има максимална брзина од 330 километри на час. Ниту возилото, ниту неговиот мотор сепак не стигнуваат до сериско производство, затоа што компанијата се концентрира на развојот на понапредните 6 и 8 цилиндрични мотори.

„Peugeot Onyx“ – 2012-та година

onyx

Овој суперавтомобил е изработен од необични материјали, освен вообичаениот карбон во „Peugeot Onyx“ се користат медицински филц и хартија. Автомобилските врати и браници се направени од полиран месинг, прозорците и покривите од проѕирно органско стакло, а рамката е од карбонски влакна. За ентериерот се користи продолжен филц, а во инструмент таблата на суперавтомобилот е користен посебен материјал изработен пресувани весници кои изгледа како дрво.

onyx1

3.7-литарскиот дизел мотор со 600 КС работи заедно со шестбрзински менувач. Исто така „Onyx“ генерира енергија од сопирачките која се чува во две литиум-јонски батерии и обезбедува дополнителни 80 КС при нагло кревање на брзината. Динамичките карактеристики на прототипот се уште се чуваат во тајност.

Од самиот почеток производителите изјавија дека автомобилот нема да биде во сериско производство, но едноставно сакаа да покажат во која насока сметаат ќе се движат во иднина.

„Volkswagen W12 Nardo“ – 2000-та година

nardo

Со ова возило „народната марка“ покажува дека умее да направи не само прифатливи автомобили, туку и суперавтомобили. Првиот прототип се појавува уште во 1997-та година и набргу следеа уште неколку идентични верзии, но најпознатата и најмоќна е „Volkswagen W12“, претставена во 2000-та година. Од самиот почеток се знаеше дека автомобилот нема да влезе во сериско производство, а со него само ќе се потврдат техничките можности и сигурноста на новиот мотор W12.

nardo1

Развој на екстериерот е доверен на самиот Џорџо Џуџаро. Италијанецот успева да создаде практично идеално аеродинамично тело кое заедно со моторот му овозможува на автомобилот да ја надмине километарската граница од 100 км за 3.5 секунди и да развие до 357 км / ч.

Автомобил постави веднаш седум светски рекорди на италијанската писта Нардо, вклучувајќи го и рекордот за средна брзина за 24 часа. За деноноќие автомобил совладува 7.749 км со просечна брзина 322 километри на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП