29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва.

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико.

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол.

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми.

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП