28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа што служи банкнотата од 500 евра?

За што служи банкнотата од 500 евра?

timthumb (1)

Највредната банкнота во евра можеме да ја видиме само на телевизија и тоа најчесто во рацете на криминалци. Па поради тоа често се слушаат повици едноставно да се укине банкнотата од 500 евра, поради тоа што е омилена кај „валканите“ пари.

Денес се почесто се плаќа со „пластика“, картици или едноставно се префрлува бараниот износ на сметка. Па зошто тогаш да се има големи апоени?

По правило бензинските станици воопшто не примаат банкнота од 500 евра, а во продавниците исто така може да имате проблем. Во секој случај благајникот многу добро ќе се сети кој платил со „петстотка“.

Сепак во еден сектор банкнотата од 500 евра и тоа како е практична, а тоа е кај криминалците. Со дрогата, проституцијата, изнудувањето или корупцијата многу бргу ќе се собере и многу поголем износ и поголеми количини од виолетовите банкноти кои лесно ќе се сокријат и од полицијата и од даночните инспектори.

Тоа е мислење и на британската Агенција за тешко организираниот криминал која проценува дека 90 проценти од банкнотите од 500 евра во Велика Британија ги користат лицата од другата страна на законот.

Слична ситуација беше кога Германија ја имаше банкнотата од 1000 марки која кога беше воведена во 1964-та година вредеше доволно за една нова Фолксваген Буга, но сепак опстана се до последниот ден на германската марка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП