28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто најбогатите Индијци сакаат да добијат кипарско државјанство?

Зошто најбогатите Индијци сакаат да добијат кипарско државјанство?

Богатите Индијци одамна се стремат кон добивањето на странски пасоши. Некои гледаат на нив како на билет за пониски даноци и поповолни за бизнис климата, објави „Forbes“.

За други тоа е стремеж кон западниот начин на живот или можност да се едуцираат, патуваат и работат со леснотија во странство.

Неодамна за богатите Индијци кои бараат државјанство или постојан престој во ЕУ, живописната островска држава Кипар е попрефериран избор поради нејзината програма „златна виза“, која му овозможува на човек да се здобие со живеалиште или државјанство преку инвестиции.

Зошто Кипар?

Веројатно најпопуларниот Индиец кој добил кипарско државјанство неодамна е магнатот со недвижности Сурендра Хиранандани – коосновач на „Hiranandani Group“, милијардер од листата на „Forbes“ и еден од најбогатите индиски бизнисмени. Неговата причина е леснотијата за водење бизнис.

Друг популарен Индиец, кој неодамна доби кипарско државјанство, е Аниш Бат. Тој е основач на еден од најпопуларните списанија за часовници и животен стил во светот со околу два милиони следбеници во „Instagram“.

Бат вели дека неговата причина е квалитетот на живот што Кипар му го нуди.

„Патувам толку многу што поминувам само по околу 60 дена во годината со сопругата и ќерка ми. Овие 60 дена дома во моментов се на место каде што секогаш има сонце, базени и лесен пристап до најубавите плажи во светот, наместо во стан во мрачен и брз град. Лондон исто така станува опасен и јас сакав подобар квалитет на животот за моето мало девојче“, вели тој.

Поволната бизнис клима и различните можности за инвестиции на островот се бонус за новите компании.

„Кипар нуди најбрз пат кон европско државјанство преку својата инвестициска програма“, вели консултантот Дилон Бат. „Инвестицијата може да биде направена преку купување на имот за 2 милиони евра во Кипар или преку инвестирање на 2 милиони евра во обработливо земјиште, инфраструктурни проекти, туристички бизнис или дури во фондови во Кипар“, истакнува Бат.

За виза за постојан престој „кандидатите треба да инвестираат 300.000 без ДДВ во недвижности и да се исполнат некои барања за годишни приходи“, објаснува тој. „Не постои барање да се живее во Кипар, кратка посета еднаш на две години е доволно; откако сте поседувале кипарско жителство во текот на седум години, можете да аплицирате за натурализирање и да добиете кипарски пасош“, вели тој.

Во секој од двата случаи процесот трае „приближно меѓу три и шест месеци“, според Бат.

Кои се придобивките?

„Откако имате кипарско државјанство или престој, додека поминувате најмалку по 60 дена годишно во земјата и помалку од 183 дена, во која и да било друга земја, имате право да бидете даночен обврзник во Кипар, што е исклучително профитабилно за повеќето луѓе кои го прават овој чекор“, вели Бат.

„Кипар има еден од најниските корпоративни даноци во ЕУ – 12,5%, кој под одредени услови може да биде намален до 2,5%. Во земјата нема данок на капиталната добивка, ниту данок за наследство, имот на данок и дивидентен данок што ги привлекува финансиски Индијците“, истакнува тој.

Според Бат, членовите на семејството на главниот кандидат исто така лесно можат да добијат државјанство или престој.

„Ова е особено привлечно за богатите Индијци, кои имаат големи семејства и семејни бизниси“.

Веќе неколку години добивањето на кипарско државјанство преку инвестиции е популарно меѓу милионерите и од други земји.

Минатиот месец кипарската влада објави дека ќе го ограничи бројот на натурализација на инвеститори до 700 годишно, почнувајќи од оваа година.

Сепак, ова може да го направи кипарското државјанство уште попосакувано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП