23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие професии сериозно го загрозуваат здравјето на луѓето

Овие професии сериозно го загрозуваат здравјето на луѓето

Неодамна е спроведено истражување кое покажува дека одредени видови на работа можат сериозно да му наштетат на човековото здравје.

Со истражувањето се опфатени околу 1.600 Американци кои проценуваат колкаво влијание одбраната кариера има на нивното здравје.

Само 16 проценти од испитаниците изјавиле дека нивната кариера негативно влијае на здрвјето, и дека овој процент е многу поголем за одредени дејности.

Според тие податоци, на најштетните кариери изложени се : работниците во малопродажба – 26 проценти, градежништво и надворешни работи – 23 проценти, работници во производство – 21 проценти, медицински работници – 19 проценти.

Најголеми потешкотии во работата имале лицата кои се грижат за хемикалии и загадувања, како и за нечист воздух и повреди на работа.

Меѓу работниците кои поголем дел од своето време го поминувале седејќи, 24 проценти изразиле загриженост во врска со здравствените последици кои можат да настанат поради тоа. Експертите препорачуваат олеснување на стресните околности на работа со земањето на одмор и пауза.

Тие нагласуваат дека работниците на минималец немаат секогаш платени одмори и не се во можност да земаат чести пауза, и им препорачува поздрава исхрана и вежбањето како начин за олеснување на стресот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП