Иако „Bertone Jet 2+2“ (претставен во март на саемот во Женева, а направен на база на „Aston Martin Rapide“) според првичните најави требаше да остане само уникат, последните вести од Велика Британија говорат дека во „Aston Martin“ размислуваат и за производство на ограничена серија.
Ако навистина добие зелено светло за производство овој модел би може да се нарекува „Aston Martin Rapide Shooting Brake“, a останува прашањето за местото на неговото производство. Доколку серијата биде помала од 10 примероци за производство би требало да биде задолжена фабриката „Bertone“ во Италија, а ако серијата биде поголема од 10 примероци тогаш „Aston Martin“ ќе ги произведува во Гајдон во Велика Британија.
Концептот „Bertone Jet 2+2“ инаку е направен поповод стогодишнината на британската марка, како и да одбележи 60 години од соработката на двете компании.
Под хаубата има 5.9 литарски V12 мотор со 476KS, додека во внатрешноста се наоѓаат четири индивидуални седишта.