17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска Банка ги намали каматите на кредитите

НЛБ Тутунска Банка ги намали каматите на кредитите

nlb-tutunska-banka1

НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитите за население и ја продолжи промотивната кампања за кредити на физички лица – без манипулативни трошоци до 31.07.2013 година.

Почнувајќи од 07.06.2013 година НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитите за население.

• Кај потрошувачките кредити во денари, каматните стапки се намалени од 0,4 до 2,6 процентни поени, а исто така продолжен е и рокот на отплата кај Промотивниот Виолетов потрошувачки кредит на 120 месеци со камата од само 6,5% фиксна за првата година.

• Кај станбените кредити намалени се каматните стапки до 0,4 процентни поени. За примателите на плата во Банката каматната стапка сега изнесува 5,5% годишно и за прв пат е фиксна за првите 5 години, наместо досегашните три.

• Намалување има и на каматните стапки на хипотекарните кредити во денари до 0,7 процентни поени.
Новите каматни стапки на кредитните продукти се однесуваат на сите нови апликации за кредити примени од 07.06.2013 година.

Покрај намалувањето на каматните стапки Банката ја продолжи промотивната кампања за кредити без трошоци за одобрување и важноста на Промотивниот Виолетов потрошувачки кредит до 31.07.2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП