27 април, 2024
ПочетнаДИЕТИНамалете ги килограмите со помош на диетата со јагоди!

Намалете ги килограмите со помош на диетата со јагоди!

Диетата со јагоди е меѓу најпопуларните сезонски режими за слабеење. Јагодите се витаминозна бомба, која го полни организмот со енергија. Диетата со јагоди можете да ја искористите за нова фигура од оваа пролет.

Викторија Бекам и Бритни Спирс се меѓу најпознатите приврзанички на диетата со јагоди.

Јагодите го зајакнуваат имунолошкиот систем, го забрзуваат метаболизмот, штитат од кардиоваскуларни болести и го забавуваат процесот на стареење на организмот.

Јагодите се исклучително богати со витамините Ц, А, Е и витамини од групата Б, фолна киселина, како и минералите калциум, калиум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, манган, селен, бакар и др, како и рибофлавин, пантотенска киселина, 18 аминокиселини итн.

Strawberry-Red-Fruit-Macro-Wallpaper-High-Definition

Монодиета со јагоди

2 или 3 дена само на јагоди идеално го прочистуваат организмот од токсините, го подобруваат варењето и доведуваат до слабеење. Но како и секоја монодиета се вистински  тест за организмот, бидејќи не обезбедуваат балансирана храна. Па затоа доколку се одлучите да јадете три дена само јагоди, пијте и мултивитамини, а доколку не сте храбри за толкави чекори, во продолжение имате пример за полесна диета со јагоди.

Здрава јагода диета – пример мени за еден ден

Појадок: 1 варено јајце, 1 чаша овесни снегулки со нискомаслено млеко

Ужина: 1 парче интегрален леб со парче нискомаслено сирење

Ручек: супа од зеленчук, 150 г пилешко филе или риба на скара, 100 г јагоди

Ужина: 100 г јагоди

Вечера: овошна салата од јагоди и јогурт

02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП