23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронски ќе се контролира квалитетот на исхраната во училиштата

Електронски ќе се контролира квалитетот на исхраната во училиштата

Министерството за образованиe информира дека во рамките на проектот за подобрување на исхраната на децата во предучилишните установи и основните училишта, кој се реализира во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ, унапредена е содржината на правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта, изготвено е упатство за негова правилна примена, а дополнително е креирана и електронска алатка која овозможува проверка на квалитетот на оброците наменети за најмладите.

Наведените прописи и е-алатката се наменети за раководствата и одговорните лица во основните училишта во насока на соодветно планирање на исхраната која има особено големо значење за правилниот психофизички раст и развој на децата и тие се достапни на следниот линк – http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2386-standardi-i-alatki-za-pravilna-ishrana-vo-osnovnite-uchilishta.

„Апелираме да се почитуваат и правилно да се применуваат прописите што ги утврдуваат референтните вредности за енергетско и нутритивно внесување, даваат препораки за видовите намирници и јадења, за начините на подготовка, препораки за број и распоред на оброци и препораки за храна што треба да се избегнува или поретко да се јаде бидејќи тоа е единствениот начин да се превенира појавата на потхранетост, дефицит на микронутриенти, угоеност и други хронични заболувања поврзани со исхраната на децата.

Со оглед на фактот што континуирано и значително се подигнува општествената свест за важноста на правилната исхрана и јадењето здрава храна, веруваме дека органите за контрола на примената на правото во пракса, во рамките на редовните надзори и контроли, ќе имаат можност да изготвуваат исклучиво позитивни извештаи во кои ќе нема или, пак, констатираните предизвици ќе бидат минимални“, соопшти Министерство за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП