25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДовициозо останува во Дукати

Довициозо останува во Дукати

Андреа Довициозо (32) го продолжи договорот со Дукати. Популарниот Дови се обврза дека за Дукати ќе вози во 2019 и 2020 година.

Довицизо е член на Дукати од 2013 година и оттогаш успеал да забележи осум победи, што го прави најуспешен возач на овој тим по Кејси Стонер.

Минатата сезона Италијанецот забележа шест победи поради што продолжувањето на договорот не претставува никакво изненадување. Двете страни по неколумесечните преговори се договорија за платата што Довициозо ќе ја заработува во Дукати.

По првите четири трки во „кралската класа“, Довициозо се наоѓа на петтото место во генералниот пласман во 46 бода. Дови победи на отворањето на сезоната во Катар, потоа го освои шестото место во Аргентина, во Остин беше петти, а во Херез не ја заврши трката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП