19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички ја напаѓа, МЗТ ја брани шампионската титула

Работнички ја напаѓа, МЗТ ја брани шампионската титула

Тренерите на МЗТ и Работнички, Ѓорѓи Кочов и Марин Докузовски, заедно со играчите Игор Пенов (МЗТ) и Димитар Мираковски (Работнички), на прес конференција во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), ја најавија финалната серија во борбата за шампионската титула, во домашното првенство.

„Секогаш кога играат Работнички и МЗТ, натпреварите се со големо значење. По долго време сме во клинч во финалето, очекувам да биде еден спектакл во кој ќе има спортско надигрување и спортско навивање и секако да победи подобриот. Во овој дел од сезоната Работнички покажа фантастична игра. Домашниот терен на првиот меч го прави благ фаворит. Но, наша цел е да бидеме подобри во сите натпревари. Марин ми беше тренер и првпат ме стави во првата екипа на 15 години. Но, тоа нема да влијае нешто и нема да донесе никаква помош. На терен не играат Докузовски и Кочов, туку МЗТ и Работнички“, изјави Кочов.

„Ние како тим имавме тешка сезона. Меѓутоа, стигнавме до финалето. Не чека противник кој добро го познаваме. Работнички е тим кој беше многу добар оваа сезона. Додуша, може да се каже и дека беше непобедлив. Тие се благи фаворити во овој дуел, но дерби како дерби, никогаш не се знае кој ќе победи. Како колектив се надеваме на успех и се надеваме дека шампионската серија за МЗТ ќе продолжи и понатаму. Сакаме титулата да остане во Аеродром“, изјави Пенов.

„Работнички е во финалето на плеј-офот. Без да навредам некого, кога и0раат Работнички и МЗТ – интересот е поголем, а и квалитетот на финалните натпревари. МЗТ и Работнички покажаа дека оваа година се најдобри екипи и дека заслужено се во финалето. Очекувам да биде спектакл и празник на кошарката, затоа што на последните години истата не ни е на највисоко ниво. Нека победи подобриот, меѓутоа за мене поважно е се да мине во најдобар ред“, изјави Докузовски.

„Овие се натпревари кои ги очеквуаме цела година. За кои тренираме и се мачиме девет месеци. Сите предуслови за фантастично финале постојат. Два ривали, два квалитетни тима. Ние уште пред да почне плејофот заборавивме дека сме први и дека имаме 22 победи. —Полуфиналето го минавме успешно и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и дека ќе ја вратиме титулата во „Градски парк“, изјави Мираковски.

Финалната серија ќе запона на 20.мај, домаќин ќе биде Работнички. Шампионската титула ќе ја освои тимот што прв ќе забележи три победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП