
Добри вести за сите љубители на слаткиот вкус. Сладолед диета со магични ефекти.


Добри вести за сите љубители на слаткиот вкус. Сладолед диета со магични ефекти.
Доколку сакате сладолед оваа диета веројатно ќе ви звучи премногу добро и можно е да помислите дека сладоледот е магична намирница која можете да ја јадете во неограничени количини, но за жал, не е вистина дека нема да морате да внимавате на количината.
Оваа диета има околу 1250 калории и ви овозможува константно губење на тежината.
Пример за мени:
Појадок: Шолја житни снегулски со мед, една шолја боровинки и чаша млеко.
Ужинка: Една чинија сладолед
Ручек: Две кришки интегрален леб или двопек, зелена салата и домат, 75 гр туна
Ужинка: Шолја млеко и едно овошје по избор.
Вечера: парче пица и мешана салата
Напомена:
Поентата на ваквата исхрана е да се држите до количината на калории, не повеќе од 1250 калории дневно, а со малку истражување можете да си овозможите прекрасни оброци во текот на целиот ден, а притоа ќе уживате во храната и резултатите. Нормално потребно е да применувате и половина час пешачење секој ден со цел вашиот организам да биде посилен.