26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиските клубови со најголеми приходи, германските со најголема заработка

Англиските клубови со најголеми приходи, германските со најголема заработка

Premier-league-Ligue-1-Bundesliga-la-liga-scottish-serie-A-logo-2011-2012

Клубовите од англиската Премиерлига имаат генерирано најголеми приходи за сезоната 2011/2012, покажува истражувањето на водечката сметководствена куќа „Deloitte“.

Приходите на екипите од Островот се зголемиле за 16 проценти на рекордни 2.9 милијарди евра. На второ место е германската Бундеслига со пораст од 7 проценти или 1.9 милијарди евра. Од водечките пет европски првенства следат шпанската Примера дивизион со 1.8 милијарди, италијанската Серија А со 1.6 милијарди евра и француската Лига 1 со 1.1 милијарди евра.

Германските клубови од првата Бундеслига сепак се на врвот според индикаторот за „оперативен профит” со 190 милиони евра, а тоа се должи на фактот дека тимовите даваат само 51 проценти од нивните приходи за плати. Англиските тимови од Премиер лигата кои користат 70 проценти од нивните приходи за плати се на второ место со вкупна оперативна добивка од 121 милиони евра. Бундеслигата привлекува и најмногу посетители на стадионите со просечна посетеност од малку над 44 илјади лица на натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП