2 мај, 2024
ПочетнаКОЛУМНИМисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го искажам моето мислење на таа тема и зошто така мислам.

Прво ќе кажам ДА за прогресивниот данок на добивка. Зошто, затоа што сметам дека не е фер и оној кој заработува повеќе и оној кој заработува помалце да плаќаат ист данок. Ќе се обидам да се дообјаснам со неколку примери.

Како прв пример, ќе го споменам фактот дека ланското лето бостанот се откупуваше директно од производителите за испод два денари по килограм, а на зелените пазари (барем не во Скопје) цената не падна под 10 денари за килограм. И сега нека ми објасни некој како може земјоделецот да го сади, одгледува, бере и на крај да го продаде бостанот за таа цена и да има добивка, а трговците да го продаваат за пет пати повисока цена. И сега ќе помислите, транспорт, складиштење и чување, амбалажа итн, но не може некој да ме убеди дека сето тоа е доволно за цената да порасне до 10 мкд за килограм. Или, не може да биде дека трговецот не заработил повеќе од производителот.  Споменат е бостанот но се работи за сите видови земјоделски производи. И сега, фер е двајцата да платат ист данок?

Имавме и пример каде што сопственик на конфекција има месечна плата поголема од платите на сите вработени во комапнијата збирно. И сега и тој 10% и работникот 10% данок.

Да продолжувам уште? Не, мислам дека се разбираме.

После прогресивниот данок се надевам дека ќе им текне на оние што прават поголеми добивки да ја “зафркнат” државата, односно да платат помалце данок. Како? Па еве на пример нека дел од својата добивка, наместо да ја плаќаат во форма на данок, истата да ја разделат на своите вработени во форма на поголема плата односно  трговците повеќе да плаќаат на непосредните производители и на тој начин ќе си ја намалат добивката и “опаа” ќе платата помал данок.

Тезата дека рамниот данок е добар за да привлекуваме инвеститори не држи. Инвеститорите веќе преку други мерки имаат доволно подршка за своите бизниси.

Но мора да кажам дека, според мене, 1.000 ЕУР е ниска граница за почеток на оданочување и мислам дека таа граница не треба да е под 2.000 ЕУР.

Исто така треба да се воведат даночни олеснувања за фирми и компании кои дел од заработката ќе вратат во општеството као стипендии, помош на социјални случаи, донации во културата и спортот. И така може да се оди многу подлабоко и пошироко во сферите каде што може а каде мора да се субвенционира од страна на државата, но тоа во некоја друга прилика.

М-р Раде Чоловиќ

 

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП