24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид де Геа ја освои „Златната ракавица“

Давид де Геа ја освои „Златната ракавица“

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа не дозволи гол на гостувањето кај Вест Хем (0:0) и ја освои „Златната ракавица“, која се доделува на голманот со најмногу чисти мрежи во сезоната во Премиер лигата.

За шпанскиот репрезентативец ова беше 18-ти натпревар без примен гол и тој си го обезбеди признанието коло пред крајот на сезоната. Неодамна Де Геа беше избран и за најдобар играч на Јунајтед.

– Многу сум среќен. Сезоната беше навистина успешна за мене. Оваа награда значи дека тимот се бранел добро во текот на целата кампања, прокоментира по мечот 27-годишниот Де Геа.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид е првиот голман на Јунајтед, кој освојува „Златна ракавица“ по Едвин ван дер Сар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП