6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИмперијата на Ворен Бафет во еден џиновски инфографик

Империјата на Ворен Бафет во еден џиновски инфографик

Денешниот инфографик ги прикажува многуте компании и инвестиции што ги поседува Беркшир Хатавеј.

Ако погледнете во кое било рангирање на најбогатите луѓе во светот, ќе забележите дека повеќето од имињата го стекнале своето богатство од изградба на индивидуални, успешни компании.

На врвот на богатата листа денес е Џеф Безос, кој го започна Амазон во 1994 година. Подолу, ќе видите познати имиња како Бил Гејтс (Мајкрософт), Амансио Ортега (Зара), Марк Цукерберг (Фејсбук), Лари Елисон (Оракл) и така натаму.

Ворен Бафет, кој се појавува на трето место на листата, е сосема уникатен. Преку својата холдинг-компанија Беркшир Хатавеј, во текот на годините купуваше, продаваше или инвестираше во стотици компании, а нивните индустрии се на целата мапа. Овие инвестиции вклучуваат компании за широка потрошувачка како што се Кока-Кола, дневните национални весници како The Washington Post и осигурителните компании како GEICO.

Бафет моментално поседува 36,8% од Беркшир Хатавеј – компанија која вреди импресивни 480 милијарди долари, вработувајќи 377.000 луѓе во многу различни индустрии.

За компанијата

Иако Беркшир Хатавеј денес е поврзан со Бафет и неговиот долгогодишен партнер Чарли Мунгер, потеклото на компанијата всушност произлегува од 1839 година.

Оригиналната компанија била текстилна фабрика во Род Ајленд, а до 1948 година Беркшир вработувале 11.000 луѓе и имал приходи од 29,5 милиони долари(околу 300 милиони во денешни долари).

Откако акциите на Беркшир почнале да опаѓаат кон крајот на 1950-тите, Бафет забележал вредност во компанијата и почнал да акумулира акции. Во 1964 година Бафет сакал да излезе од компанијата, а извршниот директор на компанијата, Сибури Стентон, му понудил да ги купи акциите на Бафет за 11,37 долари, што е за 0,13 долари помалку отколку што ветил.

На ова Бафет се налутил, и наместо да ја прифати понудата, тој се одлучил да купи повеќе акции. На крајот тој ја презеде контролата врз компанијата и го отпушти Стентон.

Приходи по бизнис сектори

Империјата на Ворен Бафет е разновидна и се состои од стотици компании во различни индустрии.

Сепак, сегментирањето по приходи прикажува како Беркшир Хатавеј ги прави своите пари:

Портфолиото на Беркшир Хатавеј

Портфолиото на Беркшир Хатавеј може да биде поделено во две категории: компаниите кои ги поседува целосно (или мнозинските удели) и компаниите во кои поседува значителни удели.

Компаниите во сопственост на Беркшир Хатавеј

Беркшир Хатавеј поседува познати брендови. Еве ги сите компании кои се наведени според бројот на вработени:

Инвестиции

Еве ги компаниите на Беркшир Хатавеј во кои има значителни инвестиции – целото портфолио е во вредност од речиси 200 милијарди долари:

“Дилови” што ја направија империјата

Империјата на Ворен Бафет немаше да постои без Бафет да беше вклучен во некои од најпознатите зделки во деловната историја. Подолу се некои големи имиња во кои беше вклучен Ворен Бафет.

ABC
Бафет помогна во финансирањето на “Capital Cities” за да го преземе “ABC” – во тоа време, најголемото спојување во историјата на не нафтени компании. На крајот, CapCities / ABC беше продаден на Disney.

ESPN
Како дел од договорот со CapCities /ABC, Бафет поседува голем дел од ESPN.

Heinz
Беркшир Хатавеј и 3G Капитал во 2013 година го презедоа Heinz. Ова му овозможи на Бафет контрола на докажаните брендови како што се HP Sauce, Lea & Perrins, како и имениот бренд.

Washington Post
Бафет како дете го разнесувал овој весник, но подоцна во неговиот живот ќе биде најголемиот надворешен акционер на познатиот весник.

Salomon Brothers
Бафет и помогна на една од најпознатите инвестициски банки на Вол Стрит.

Gillette
Бафет почнал да купува акции кон крајот на 80-тите години и стана најголем акционер на Gillette. Бафет направи добивка од 4,4 милијарди долари кога ја продал компанијата на Проктор и Гембл.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП