25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДо 2030 година електричните автомобили ќе сочинуваат половина од светскиот пазар

До 2030 година електричните автомобили ќе сочинуваат половина од светскиот пазар

Додека продажбата на електрични автомобили брзо се зголемува, Кина влегува во битка против големите производители за производство на батерии.

Сето ова доаѓа во време кога сите се загрижени за неизвесноста од снабдување со кобалт и за тешката експлоатација на работниците и рудниците во Африка каде што работат деца.

Кина – гигант во Азија и во светот, и број еден во светот на пазарот на автомобили – има за цел годишна продажба од два милиони електрични и хибридни возила до 2020 година, додека минатата година продаде 780.000 единици. Според аналитичката фирма Бостон Консалтинг, електричните автомобили до 2030 година ќе сочинуваат половина од сите автомобили на светскиот пазар.

Овој експлозивен развој ја става на голема проба индустрија за батерии, скапа компонента која ја одредува употребата на овие возила.

Малку производители се осмелија да го направат тоа самостојно – Јапонскиот Нисан неодамна се одвои од копроизводство со својот колега НЕЦ.

Трошоците се премногу големи. “Само пет, шест групации се доволно големи за ефикасно производство на батерии”, рече Тревор Вортингтон, потпретседател на Форд за време на саемот за автомобили во Пекинг.

Технологијата се уште се развива, а се ‘уште е јасно што ќе доминира, што го спречува инвестирањето, додава AFP Николас Петер, финансиски директор на БМВ.

Меѓу производителите на батерии, кинеските гиганти BYD и Catlove кои го снабдуваат Volkswagen, Ford, Daimler, се потпираат на огромниот домашен пазар, особено во Пекинг, кој бара од производителите да користат кинески компоненти. На светскиот пазар, CATL наскоро би можел да го достигне јапонскиот Panasonic.

Додека индустријата се обидува да обезбеди резерви, кинеските фирми имаат предност. “Тие контролираат голем дел со снабдување на литиум преку групацијата Tianki, GANFENG, разни инвестиции во австралиските рудници”, вели Монтгомери.

Во производството на кобалт, кинеските компании контролираат рудници во Демократска Република Конго (ДРК), од кои доаѓаат 60 проценти од светската понуда, а компанијата “Кина Молибден” ја купи главната локацијата на рударскиот гигант “Freeport” за 2,65 милијарди долари.

Пекинг не е исклучок. Кинеската комора за увоз и извоз на метали во 2016 година основала “Иницијатива, одговорност за кобалт”, заедно со гигантите за електроника како што се Apple, а од неодамна им се придружија и Дајмлер.

На крајот, вели Питар, технолошкиот напредок може да донесе решение за драстично намалување на износот на кобалт во батериите и со тоа драстично да се намали цената, кое е и главното ветувањето на американската компанија “Тесла”, лидери во технологијата на електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП