28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW слави 100 години со дизајн на Македонец

BMW слави 100 години со дизајн на Македонец

bmw-rapp-anniversary-concept-rendered-by-dejan-hristov-photo-gallery-60600-7

Кон крајот на 1913-та година беше основана мала германска компанија која се нарекуваше „Rapр Motorenwerke GmbH“ и се занимавала со производство на воени авиони.

Четири години подоцна „Rapp Motorenwerke“ се здружила во компанија која го добила името „Bayerische Motorenwerke GmbH“, денес позната како „BMW“.

rapp_01

Во чест на стогодишнината од основањето на компанијата „Rapp Motorenwerke“  автомобилскиот дизајнер од Македонија, Дејан Христов го дизајнираше моделот „BMW Rapp 100th Anniversary“, концепт кој и покрај тоа што ја има ознаката на „BMW“ нема никаква сличност со современите креации на баварскиот гигант. Но со својот единствен изглед и тоа како остава голем впечаток.

Овој концепт е замислен како двосед роудстер со сосема различна хауба под која може да се стави било каков мотор кој е достапен на пазарот. Го карактеризира многу мало предно стакло и едноставен ентериер кој е фокусиран на возачот.

rapp_03

„BMW Rapp 100th Anniversary“ исто така има преден браник со екстремно агресивен изглед, како и многу мали предни фарови. Автомобилот исто така има богат избор на современи технолошки системи, вклучувајќи ги и дигиталните ретровизори.

На наше жалење овој импресивен примерок на дизајнерот Христов никогаш нема да се најде во сериско производство, што не значи дека не можеме да уживаме во неговите линии и да се гордееме што токму дизајнот на Македонец е избран за прославата на германскиот автомобилски гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП