Пред два дена, Европската комисија (ЕК) официјално ја претстави новата повеќегодишна финансиска рамка. Предлогот вклучува зголемување на трошоците, нови политики, но исто така и сосема нов механизам со кој Брисел ќе престане да финансира за земјите каде европските принципи и владеењето на правото не се почитуваат.
Кој може да се спротивстави на овие планови, анализира „EurActiv“. Весникот посочува дека на прво место е Полска, која досега е првата и последна држава во ЕУ, која е изложена на проверка на механизмот за почитување на правилата на демократијата и европските принципи.
Следната земја која може да дојде во таква постапка е Унгарија, додава весникот.
Затоа не би било изненадување ако против новите правила се Вишеградската четворка – Полска, Унгарија, Чешка и Словачка. Сите четири земји одбиваат до одреден степен да ги исполнат своите обврски како членки на ЕУ – на пример, да бидат во солидарност со другите членови на заедницата во однос на миграцијата.
Новата шема, чија цел е заштита на парите на даночните обврзници, треба да биде одобрена од Советот не со апсолутно мнозинство, а туку со квалификувано, односно со гласовите на 55% од земјите кои претставуваат 65% од населението на ЕУ.
Отпорност на идејата, исто така, може да се очекува од Бугарија. Земјата во моментов претстедава со Советот на ЕУ. Весникот ги цитира зборовите на министерот за финансии, Владислав Горанов, пред бугарските медиуми, според кои не постои докажана врска помеѓу слободата и правото во која било земја. Тој одбива повеќе коментари за време на мандатот на земјата на чело на Советот, бидејќи нашата улога е да бараме консензус.
„EurActiv“ наведува дека и покрај очекувањата Чешка всушност ја поддржува идејата и според претставници на локалните власти „тоа е добра вест за Чешка“. Всушност, предлогот за прв пат беше презентиран од Комесарот за правда, Вера Журова, која е од Чешка.