13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti EV ќе почека до 2020-та година

Infiniti EV ќе почека до 2020-та година

ev

Претседателот на компанијата „Infiniti“ Јохан де Нишен најверојатно одлучил да го одложи производството на електричното возило се со цел да го задржи фокусот на класичните модели.

Тој за „Automotive News“ изјавил дека „Infiniti EV“ ќе стане реалност, но дека сето тоа е прашање на време.

„Имаме голем број на приоритети, сакаме да направиме значајни инсвестиции и најважно ни е да го прошириме производството што е можно побргу“, истакнал Де Нишен.

ev1

Ова се вклопува со најавите дека „Infiniti“ планира годишно да продава околу 500.000 возила во 2017-та година, што значи дека на компанијата и е поважно повеќе внимание да посветат на моделите за пошироката јавност, отколку на електричните автомобили.

И додека „EV“ е на листата на чекање, можеби дури и до 2020-та година, на новиот модел на компанијата се работи со забрзано темпо и се чека негово претставување.

ev2

„Тоа ќе биде нешто налик моделот „Porsche Panamera“ отколку на Серија 7 на „BMW“. Така ќе можеме да користиме иста платформа за изработка на компактно купе“, вели првиот човек на „Infiniti“.

Да постсетиме „EV“ требаше да се најде на пазарот во 2014-та година со мотор од 136 KS, но со домет од скромни 161km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП