23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВчерашниот ден беше напорен за вашиот желудник?!

Вчерашниот ден беше напорен за вашиот желудник?!

Кога имате чувство како да ќе „пукнете“ пробајте некои од овие домашни лекови и олеснете си го животот.

Ако за време на празник сте претерале со храна, дозволете му на вашиот дигестивен систем да се одмори. Наредните неколку денови, избегнувајте пржена храна и зачинета. Исхраната нека ви се состои од бистри супи, интегрални пецива, свежо овошје, зеленчук и минимално засладени чаеви. Оваа храна не троши многу енергија и му помага на организмот да се опорави од претераната надуеност.

Ако по обилните оброци за 1-ви мај имате желудочни мачнини земете антацид, кој може да се купи и без рецепта. Антицидот содржи сол, кој ја неутрализира киселината во желудникот. Некои од нив се збогатени и со калциум.

3 совети како да се ослободите од киселините во желудникот:

1. Нането е билка која прави чуда

Испите најмалку 3 шољи чај од нане, тој чај можете и да го замените и со камилица.

Нането делува ефикасно поради тоа што оваа билка ги смирува цревата, ја намалува надуеноста, а воедно има и антибактериски и антивирусни својства.

2. Намалете со кафето

Ако сте некој кој е постојано под дејство на кофеин и некој кој е верен на кафето, во ваков случај мора да намалите со конзумирање на кафе, но треба да стоите и подалеку од стресни ситуации колку што е тоа возможно. Пушењето пак дополнително го вознемирува желудникот.

3. Движете се

Движете се почесто, кога и да имате слободен простор користете го максимално и движете се. Се препорачува по обемно конзумирање на храна да легнете и да одморите, но во никој случај не треба да претерате со лежењето, бидејќи може да се забрза процесот на мачнини во желудникот.

Шетајте, но сепак и при оваа активност не треба да се претерува, а секако треба и да се избегнуваат поостри вежби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП