4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку чини раѓањето на еден британски принц?

Колку чини раѓањето на еден британски принц?

Третата рожба на британскиот принц Вилијам и Војвотката Кетрин се роди во елитниот оддел „Lindo Wing“ на лондонската болница „Сент Мери“, каде дневен престој чини 5.670 фунти, или околу 8.900 американски долари.

Излегува сепак дека просечно американско семејство плаќа повеќе за едно раѓање отколку кралското семејство на Велика Британија, пишува „Marketwatch“ во соработка со „Statista“.

Војвотката на Кембриџ можеше да користи еднокреветна соба со сопствена бања и тоалет, фрижидер и широк избор на здрава храна, вклучувајќи и мени од избрани вина.

Звучи „шик“, но всушност кралското семејство потрошило помала сума пари, отколку што би било потребно за повеќето обични раѓање во САД.

Според податоците на „The Economist“, просечната цена за природно породување преку Океанот достигнува 10.800 долари. Сумата не ги вклучува трошоците за прегледи во текот на бременоста, како и грижата за мајката по породувањето со кои износот се зголемува до импресивни 30.000 долари.

Факт е дека поголемиот дел од овие исплати се покриваат од осигурителните компании, но во повеќето случаи пациентот доплаќа во просек по 3.000 долари за раѓање. Во многу европски земји овие трошоци се покриваат целосно од државата или здравствените компании, потсетува весникот.

Раѓањето на дете во САД, всушност, е најскапото во светот. Земјата по овој показател дури ја надминува и Швајцарија, каде природното раѓање чини во просек околу 7.800 долари.

На трето место е Австралија (5.300 долари), следена од Франција (3.500 долари) и Чиле (2.800 долари). Во Велика Британија просечните семејства обично плаќаат по околу 2.500 долари – над три пати помалку од цената на дневниот престој во „Lindo Wing“.

Непосредните трошоци околу раѓањето на едно дете сепак се само дел од проблемот, пишува „Marketwatch“. Ако Вилијам и Кејт беа ангажирани вработени со редовни работни договори, немаше да имаат право на 37 недели платено родителско отсуство и до 50 недели неплатено.

Во САД, меѓутоа, нема политика за платено породилно што го прави одгледувањето на децата во нивната прва година уште потешко од финансиска гледна точка.

За едно семејство со две деца трошоците за градинка го надминуваат просекот на станбените имоти во сите 50 држави. Во 35 од нив тие се повисоки дури и од средната рата за хипотека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП