24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата која инвестираше 11 милијарди долари во „стартапи“

Компанијата која инвестираше 11 милијарди долари во „стартапи“

„Alphabet“ е компанија која со години инвестира многу во различни „стартап“ проекти. Портфолиото од „стартапи“, кое моментално го имаат креаторите на „Google“, вреди 11 милијарди долари, пишува „Bloomberg“.

Технолошкиот гигант за прв пат издава вакви податоци бидејќи, според новите сметководствени прописи надвор од Океанот, ова е веќе задолжително.

Од почетокот на оваа година американските јавни претпријатија треба да вклучуваат во финансиските извештаи и фер пазарна вредност на инвестициите во приватни компании, кои не се тргуваат на берзата.

Во случајот со „Alphabet“, постојат навистина значајни удели во проекти со висока вредност, како што се „Uber“, „Airbnb“ и „Stripe“. Досега, компанијата од „Mountain View, California“ ја објави цената што ја платила за купување на акциите.

Во претходниот квартал оваа билансна ставка изнесуваше 7,81 милијарда долари. Сепак, по сметководствените промени, износот се зголемува до 11 милијарди долари. Ова, исто така, резултира со нето добивка по акција од 3,40 долари, пишува весникот.

„Стартпите“ на „Alphabet“ се управуваат главно од сестринската фирма „GV“ (која до 2015-та година се викаше „Google Ventures“) – раководството е независно од „Google“, а одлуките што ги зема за стекнување и развој на „стартап“ проекти се целосно базирани на финансиската логика.

Најголемо учество во целото портфолио зазема „Uber“. Во 2013-та година „Google Ventures“ купи дел од 258 милиони долари во компанијата за споделување на патувањата. Тогаш, пазарната вредност на „Uber“ била помала од 4 милијарди долари.

Последната голема зделка од почетокот на оваа година, меѓутоа, кај која „Softbank“ стекна близу 18% од капиталот на оваа компанија при што се зголеми нејзината пазарна капитализација до над 54 милијарди долари. „Alphabet“ потоа подели дел од својот удел, но потоа купи нови акции, со што пазарната вредност на „Uber“ достигна 72 милијарди долари.

Ако „GV“ го задржа целиот свој почетен пакет за кој плати 258 милиони, денес тој ќе чинеш над 5 милијарди долари. Реалната оценка на „Uber“ сепак е доста комплициран потфат, сметајќи ги турбуленциите во водство од минатата година, кои доведоа до оставка на извршниот директор Тревис Каланик.

„Alphabet“ не го открива механизмот со кој го проценува својот удел во компанијата, ниту точниот број на акции што ги поседува.

Во прилог на „GV“, постојат и други единици во структурата на „Alphabet“ кои се вклучени во стекнувањето и развојот на „стартап“ компании. Тука спаѓаат приватниот капитален фонд „CapitalG“ и инвестициската поделба „Gradient Ventures“, која се фокусира на проекти за вештачка интелигенција.

Под капата на „Google“ оперира и „Launchpad“ кој обезбедува грантови плаќања за „стартап“ компании во Африка, Азија, Јужна Америка и Источна Европа.

Според податоците на истражувачкиот центар „Crunchbase“, „Alphabet“ е најстариот активен играч во купување на акциите од „стартап“ компании за 2017-та година. Со вкупно 103 такви трансакции компанијата може да пофали дека е конкурентите, како кинеската „Tencent Holdings“ (која може да се пофали со 72 превземања), јапонската „Softbank“ (64), како и досегашниот фаворит во ова рангирање „Intel Capital“, кој само за минатата година има 50 договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП