4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРечиси четири милијарди луѓе имаат расипани заби.

Речиси четири милијарди луѓе имаат расипани заби.

По повод светскиот ден псосветен на здравјето на забите кој се одбележува на 20-ти март, светската стоматолошка федерација според податоците објави дека лошата хигиена на забите на глобално ниво е доста присутна.

Кариесот и понатаму претставува здравствен проблем присутен во целиот свет. Податоците покажуваат дека бројот на луѓе со болест на забите е 3,9 милијарди ширум светот, а повеќе од 40% од глобалната популација се борат со последиците од забите кои не се излекувани на време.

Расипување на забите е резултат на деминерализација на забната глеѓ предизвиканa од прекумерното лачење на киселина во устата, што се должи на потрошувачката на шеќер и други јаглени хидрати, кои ние ги консумираме преку храна и пијалок.

Зошто нискокалоричните засладувачи се подобри за одржување на забите?!

За разлика од јаглеро хидратите, нискокалоричните засладувачи не се разложуваат со помош на бактериите во устата и не предизвикуваат кариес и расипување на забот.

Заменувањето на шеќерот со нискокалорични засладувачи може да им помогне на луѓето да продолжат да уживаат во сладок вкус при исхрана, а притоа да не го оштетат здравјето на забите. Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) во 2011-та година заклучи дека „засладувачите ја одржуваат минерализацијата на забите со намалување на нивната деминерализација кога се консумирани наместо шеќер“.

За да успеете да ги одржите забите здрави, покрај редовно посетување на стоматолог потребно е редовно да ги миете забите, да се храните здраво и да го замените шеќерот со нискокалорични засладувачи, како и да се откажете од лошите навики како што се, пушењето и конзумирањето алкохол кои исто така ги расипуваат забите.

Навременото лекување ќе помогнат да ги задржите вашите заби здрави што е можно подолго.

А еве едно видео кое ќе ви покаже како изгледа правилното миење на забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП