27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВолво најави крај на моделот С30

Волво најави крај на моделот С30

volvo c30

По веста за крајот на производството на досегашната С класа на Мерцедес (W221), пристигна информација од Волво дека по седум години ќе престане производството на нивниот модел С30.

Сериското производство на Волво С30 започна во септември 2006-та година и досега од производната лента излезени се околу 210.000 примероци.

С30 ја користеше истата платформа како и моделите S40/V50, додека неговиот дизајн беше инспириран од концептот „Volvo Safety Concept Car“.

Од компанијата наведуваат дека секој седми примерок од моделот С30 завршил на британскиот пазар и поради тоа тие одлучиле последниот произведен примерок (белиот R-Design C30 Polestar) да го понудат на купувачите во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП