26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEK бара право да ги испраќа банките во стечај

EK бара право да ги испраќа банките во стечај

katanec1

Европската комисија (ЕК) покрена иницијатива за формирање на посебна управа за ликвидација и реструктуирање на банките кои банкротирале во земјите на еврозоната.

Британскиот Фајненшл Тајмс имаше пристап до доверливиот извештај на Европската комисија, подготвен за консултации со владите и државите на Европската унија, подоцна овој месец.

ЕК бара право да може да ги испрати во стечај банките во еврозоната, наведува весникот. Притоа предложува основање на управа за реструктурализација на банките, која ќе ја водат преставниците на Европската комисија и Европската централна банка, а не земјите членки на ЕУ. Се претпоставува дека управата би имала сопствен стабилизационен фонд.

Новата структура би требало да обезбеди ефикасно донесување на одлуките, со учество на директно погодените земји, но тие не би имале право на вето.

Фајненшл Тајмс наведува дека оваа иницијатива на најголемиот извршен орган на ЕУ е во спротивност со заедничката декларација која на 30 мај ја усвоија Франција и Германија, според која правото на реструктуирање на банките од еврозоната се префрлува во надлежност на националните влади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП