27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВратете и го животот на уништената коса: Неверојатна маска од авокадо

Вратете и го животот на уништената коса: Неверојатна маска од авокадо

Пробајте ја оваа неверојатна маска за коса која ќе и го врати животот на уништената коса.

Авокадото е полно со витамините Е и Б и има силно хидратантно делување на вашата коса, па по оваа маска, таа ќе заблеска како никогаш досега. Покрај тоа, поевтина е од готовите препарати за коса и не содржи конзерванси.

Еве што ви е потребно: Авокадо, 1 јајце и маслиново масло.

Како да ја направите?

Испасирајте половина авокадо во сад, додадете една жолчка и добро промешајте. Во смесата додадете и маслиново масло и повторно добро промешајте.

На косата рамномерно нанесете ја маската, а потоа добро замотајте ја косата во фолија и пешкир со цел да се затопли, па топлината да го засили делувањето. По 30 минути измијте ја косата и исушете ја. Применувајте ја оваа маска за коса 1-2 пати неделно и вашата коса повторно ќе блеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП