28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички и во Гостивар го совлада МЗТ

Работнички и во Гостивар го совлада МЗТ

Работнички продолжи со доминацијата во мечевите со вечниот ривал МЗТ Скопје откако во контроверзното дерби во Гостивар пред празни трибини стигна до 92:74 победа.

Мечот требаше да се игра вчера во Скопје, меѓутоа поради расипаниот семафор во „Градски парк“, беше донесена одлука да се игра во Гостивар.

Тимот на Марин Докузовски успеа да се одвои во последната четвртина која ја доби со фантастични 33:10 и сега има скор од 25-1 на првото место во Суперлигата пред МЗТ и Блокотехна, кои го делат второто коло со 19 победи.

Шоу Еванс имаше 19 поени за момците од „Градски парк“, а по 14 поени имаа Чековски и Костов, додека кај МЗТ најефикасен беше Марко Симоновски со 24 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП