29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводите на Суташ во Македонија веќе во продавниците

Производите на Суташ во Македонија веќе во продавниците

106644216

Фабриката на Суташ во Македонија почна со производство. Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, се производите од оваа фабрика кои се веќе достапни во маркетите во Македонија, информираат од компанијата.

– Во изминатата година, ја подготвувавме фабриката во Скопје да почне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Започнувајќи од денеска, производите на Суташ, млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот, истакна  генералниот менаџер на Балканска Млекара Али Мушфик Созер.

Планот на Суташ е да го примени интегрираниот бизнис модел „Од трева до трпеза“ во Македонија, особено во млечната индустрија, со инвестирање во едукативни центри, земјоделство, сточарски фарми, фабрика за сточарска храна и во рециклирачки и енергетски погони.

Врз основа на планираната инвестиција на Суташ во Балканска млекара Македонија, која е со капацитет од 70 милиони литри годишно, се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП