28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОд нив се дебелеете: 5 пијалоци кои треба да ги избегнувате

Од нив се дебелеете: 5 пијалоци кои треба да ги избегнувате

Доколку сакате да ослабите, освен на храната, треба да внимавате и на пијалоците. Како на пример на овие пијалоци…

1. Чоколадно млеко

Чоколадното млеко има околу 150 калории по чаша, што е нешто помалку од 10 проценти од дневно потребниот внес на калории кај возрасните женски лица.

2. Вода со вкус

Водата со различни вкусови обично има 20 до 40 калории во 100 мл, што е околу 100 до 200 калории по шише од половина литар, односно од 5 до 10 проценти од дневната потреба за калории.

3. Бело вино

Белото вино во просек има 140 калории по чаша. Ако испиете две чаши бело вино, слободно можете да го прескокнете десертот, ако не и целиот оброк доколку сте на диета.

4. Сок од грозје

Чаша сок од грозје има повеќе калории од виното. Доколку испиете две чаши сок од грозје ќе внесете дополнителни 140 до 160 калории.

5. Пиво

Доколку испиете две пива од 0,5 л слободно можете да прескокнете еден оброк, бидејќи веќе сте внеле речиси четвртина од дневно потребните калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП