27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ќе има шанси да му се одмазди на Загреб за 2013

Вардар ќе има шанси да му се одмазди на Загреб за 2013

ППД Загреб во интересна завршница успеа да го совлада Целје со 29:28 во СЦ „Јане Сандански“ за да се пласира во финалето на СЕХА лигата, каде што ќе се судри со актуелниот шампион во регионалното натпреварување, Вардар.

Ова ќе биде совршена шанса за македонскиот и европски шампион да се одмазди за драматичниот тесен пораз од 25:24 по продолжение од финалето од 2013 година, кое исто така се играше во Скопје.

Загреб почна многу подобро во мечот за да поведе со 4:1, и предноста од три-четири гола да ја одржува во текот на целото прво полувреме. На 10 минути пред крајот на полувремето беше 9:6, меѓутоа словенечкиот тим се врати на 11:10, пред Загреб да има нова добра серија и на одмор да замине со 14:11.

И во второто полувреме, загрепчани имаа повеќе од играта и водеа со 21:18 на 15 минути пред крајот, пред Целје да се врати и да намали на само еден гол разлика (28:27) на две минути пред крајот на натпреварот, пред Домагој Павловиќ да ги врати на два гола разлика. Јуречиќ во финишот успеа само да намали на 29:28.

Павловиќ беше најефикасен во тимот на Загреб со седум голови, додека пет уфрли Златко Хорват, додека кај Целје најдобар беше Борут Мачковшек со шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП