28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗабавете малку: Стресот на работа сериозно ни го оштетува здравјето

Забавете малку: Стресот на работа сериозно ни го оштетува здравјето

Стресот кај жените и мажите во средовечни години го зголемува ризикот од равој на деменција, велат научниците.

Во студијата која опфати 800 жени и мажи, кои се соочиле со стресни ситуации како што се развод, тага, загуба на работното место, проблем на работа и сл. е утврдено дека тие имаат зголемени шанси да заболат од Алцхајмерова болест.

Колку случувањата во минатото биле постресни и потешки, токлу поголем е и ризикот од деменција. Авторите на истражувањето велат дека главните виновници се хормоните на стрес, кои активираат промени во мозокот.

Хормоните на стрес можат да предизвикаат голем број на промени во телото и да влијаат на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Тие можат да останат на високо ниво и неколку години по доживувањето на големиот стрес или серијата мали последователни стресови.

Во ова истражување лицата биле подложени на тестови и испрашување кога биле во своите доцни триесети, средни четириесети или почетокот на педесеттите години.

Истражувачите откриле директна врска помеѓу стресниот период во животот и појавата на деманција во подоцните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП